Македонија 27. октомври 2020. / 12:45

Поранешен началаник на СВР Велес почина од Ковид-19

Поранешен началаник на СВР Велес почина од Ковид-19

Поранешен началаник на СВР Велес почина синоќа на Инфективната клиника во Скопје како последица од вирусот ковид-19. на возраст од 41 година .

Тој бил хоспитализиран на инфективното одделение во велешката болница на 7 октомври, пишуваат велешките медиуми.

Откако после една недела состојбата му се влошила, тој бил транспортиран на Клиниката за инфективни и фебрилни болести во Скопје, каде што синоќа починал.

Претходно, неколку дена бил прикачен на респираторна машина. Тој е најмладата жртва на коронавирусот во Велес.