Македонија 20. август 2018. / 19:18

Поради свлечиште прекин на сообраќајот на патот Македонски Брод – Самоков

Поради свлечиште прекин на сообраќајот на патот Македонски Брод – Самоков

Поради свлечиште на патниот правец Македонски Брод – село Самоков, кај автобуската постојка за село Девич, сообраќајот е во прекин од 18.35 часот, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Оттаму додаваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен и истиот се одвива по суви коловози.

Се препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.