Поради утврдени пропусти во третманот на Ковид-19, до среда треба да биде назначен нов раководител на Центарот за јавно здравје во Велес.
Ќе биде разрешен директорот на Центарот за јавно здравје во Велес поради утврдени неправилности и пропусти при справувањето со коронавирусот во оваа општина, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој рече дека се завршени анализите на извештајот на инспекторите.
„Во Центарот за јавно здравје – Велес направени се детални анализи на извештајот и разгледани се сите информации што дојдоа од повеќе страни. Утре или задутре, во оваа институција ќе биде поставен нов директор, со оглед на пропустите што беа евидентирани во работатата на Центарот“, рече Филипче.
Тој рече дека уште кога се воочени првите неправилности во работата на Центарот во Велес е направенапрераспределба на кадри од други одделенија, за да може нормално да функционира и пунктот за тестирање за коронавирус.