Македонија 26. мај 2020. / 14:11

Поради непочитување на мерките Комисијата за заразни болести препорача укинување на полицискиот час

Поради непочитување на мерките Комисијата за заразни болести препорача укинување на полицискиот час

Поради непочитување на мерките за заштита од коронавирус во државата, Комисијата за заразни болести ѝ препорачува на Владата укинување на полицискиот час, отворање на границите од 1 јуни и отворање на кафаните и кафулињата.

Ова е препорака на Комисијата, а одлуката треба да ја донесе Владата на првата наредна седница, која сè уште не е закажана.

Според министерството за здравство, до вчера, 25 мај во Македонија беа регистирани 1.999 заболени и 113 починати од Ковид-19.