Македонија 16. декември 2019. / 18:28

Поради магла откажани летовите од скопскиот аеродром кон Атина, Истанбул и Загреб

Поради магла откажани летовите од скопскиот аеродром кон Атина, Истанбул и Загреб

На меѓународниот аеродром во Скопје попладенво се откажани неколку летови.

По откажаните осум утрински лета, густата магла и попладенво се спушти над главниот град и околината, поради што не може да се реализираат уште шест од попладневните летови на реалација Скопје-Атина, Скопје-Истанбул и Скопје – Загреб-Скопје.

Летот од Нирнберг е пренасочен и патниците наместо во Скопје ќе слетаат во Приштина.