Македонија 20. јануари 2020. / 11:16

Поради лоша здравствена состојба на Тони Трајковски, рочиштето за „ТНТ“ почна без него

Поради лоша здравствена состојба на Тони Трајковски, рочиштето за „ТНТ“ почна без него

Рочиштето за случајот „ТНТ“ почна, но на него повторно не е присутен поранешниот гардоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски.

На рочиштето, судијата Огнен Ставрев ја исклучи јавноста од образложувањето на здравствената состојба на Трајковски од страна на д-р Викторија Вујовиќ.

Адвокатот Јовица Страшевски, отсуството на Тони Трајковски го образложи со медицинска белешка од 15 јануари кога веднаш по завршувањето на тогашното рочиште, Трајковски се јавил на лекар. Во лекарскиот наод е наведено дека тој не смее да присуствува на судските рочишта заради подобрување на неговата здравствена состојба.

Пред да ја исклучи јавноста од рочишето, судиајта Ставрев забележа дека д-р Вујовиќ му е позната и оти таа и во други постапки била пред него.

Рочиштето тече со изјаснувањето на д-р Вујовиќ, а судијата Ставрев ги предупреди сите дека нејзиниот наод треба да остане тајна.