Македонија 30. јуни 2020. / 21:04

Поради Ковид-19 затворени 8 џамии во Кичево, заболен е и имамот

Поради Ковид-19 затворени 8 џамии во Кичево, заболен е и имамот

Во Кичево е регистриран случај на заразен имам од една џамија, поради што Муфтивството затвори 8 џамии кои се наоѓаат во градот, пренесува тв 21.

Ги затворивме џамиите бидејќи ако ја затвориме само таа џамија каде колегата беше заразен, рековме дека верниците ќе одат во други џамии. Затоа одлучивме сите 8 џамии во градот да ги затвориме од недела до петок“, посочи Мурат Хусеини.

Инаку болницата во Кичево со години се соочува со разни проблеми. Во последно време е забележан дефицит на медицински персонал. Поради Ковид-19 инфектолозите станаа најбарани лекари, но кичевската болница не располага со ниту еден инфектолог. Овие снимки покажуваат како функционирал Одделот за инфектологија во оваа болница, каде може да се види и дека во недостиг на простор, оваа зграда сѐ уште функционира за неколку специјалистички оддели.

Дека нема инфектолог и дека болничкиот капацитет е недоволен за справување со оваа пандемија, потврдува и директорот на болницата, Станко Трпески.