Стопанската комора на Северо-Западна Македомнија (СКСЗМ) повикува пописот да се спроведе на транспарентен и професионален начин.
-СКСЗМ е една од најгласните институции за пописот на населението со цел државата да има точна слика за населението и анализите што се вршат да бидат точни и релевантни, било констатирано на денешната средба со Државниот завод за статистика што се одржа во просториите на СКСЗМ.
-Иницијативата за попис на населението по сите овие години ќе и помогне на Република Северна Македонија во макроекономско планирање, демографски индикатори и каква било анализа на истите. Неспроведувањето на пописот доведе до недостаток на податоци за тоа колку жители всушност има земјата, колку домаќинства и каква работна сила има на располагање државата, се вели во соопштението.
СКСЗМ, стои во соопштението, високо ја цени соработката со државните институции и во духот на досегашната соработка со Државниот завод за статистика ја изнесе оваа проблематика и повикува пописот да се спроведе на транспарентен и професионален начин со цел ефектот да биде позитивен.