Македонија 10. март 2021. / 16:06

Попишани над 45 илјади граѓани преку онлајн апликацијата за попис

Попишани над 45 илјади граѓани преку онлајн апликацијата за попис

До денеска попишани се 45 755 граѓани преку онлајн апликацијата на Државниот завод за статистика.

Податокот, како што стои на нивната веб страницата, е заклучно до 9 часот денеска.

Преку онлајн апликацијата се попишуваат иселениците и вработените во дипломатско-конзуларните претставништа.

Попишувањето во земјава ќе почне на 1 април и ќе трае до 21 април.

Пописот во земјава се прави по цели 19 години.