Македонија 12. ноември 2020. / 08:00

Половина од активните ковид-случаи се во Скопје

Половина од активните ковид-случаи се во Скопје

Бројот на новозаразени случаи со ковид-19 расте во континуитет последниве неколку недели, а според последните податоци на Министерството за здравство во моментов активни се 15.975 случаи.

Од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 42.540, бројката на оздравени пациенти е 25.353, а на починати е 1.212.

Речиси половината од активните ковид-случаи во моментов во земјава се на територијата на Скопје – 7.410. Вкупно во главниот град од почетокот на епидемијата се регистрирани 18.647 ковид-случаи.

Скопски општини со најмногу активни случаи се Аеродром -1 161 и Гази Баба – 1 007, а со нешто помалку случаи веднаш зад нив се и Карпош – 987, Центар – 956 и Кисела Вода – 922. Во Ѓорче Петров има вкупно 595 активни случаи, во Чаир се 444, а во Бутел вкупно 389.