Македонија 05. мај 2020. / 22:13

Политички час

Политички час

За разлика од полицискиот час, кој во основа претставува ограничување на правата на граѓаните со цел нивната заштита од вирусот, сведоци сме дека овие денови во Македонија делува и политичкиот час за ограничување на националната припадност на граѓаните.

пишува: Соња ЦВЕТКОВСКА, м-р по европски политички систем и безбедност

Полицискиот час е воведен на основа на предлози и мислења на стручни лица, а го спроведуваат државните органи. Вториот политички час се воведува со политичка волја на одредена групација, на аналфабетски мислења на нестручни органи, а се спроведува од градоначалници до советници на Претседателот на Македонија. Во времето на овој политички час се отстрануваат симболи од историјата на Македонија и македонскиот народ.

Се отстранува симболот Сонце (Ѕвезда) од Кутлеш кој низ историјата се провејувал на штитовите и знамињата на македонската војска од Драч до Пакистан и Египет, но најверојатно ја заобиколил Крива Паланка. Што повеќе да се каже за неписменоста на оваа структура што владее со Македонија, која без историски факти и аргументи, поткрепени само од политичко-финансиска корист ја искривија кичмата и го потпишаа Преспанскиот договор.

Немаше да биде воопшто чудно ако со иста мотивација почнаа да прават ВИЈАДУКТ над целата територија на Македонија со цел да го отстранат патот Виа Игнација, само чекаат некој да им понуди добра цена или кредит што преку тендери ќе си ги стават народните пари во сопствените џебови, а ние и нашите потомства да ги отплаќаме.
Претходните симболи се интернационални и се дел од културното наследство на севкупната човечка историја и сопственост на сите.

Додека еден градоначалник можеби и има право да биде историски неедуциран, и само слепо да ги слуша политиките на СДС, тоа не може да се каже за политичка личност со кариера од министер за надворешни работи на Република Македонија до советник за надворешни работи на Претседателот на Република Македонија. Името не му го споменувам поради тоа што по неговите последни изјави треба што побргу да биде заборавен од страна на македонскиот народ.

Наведениот господин според мое лично мислење како истрошена јавна личност се обидува да се појави на политичката сцена, само колку да се знае дека сѐ уште е присутен, но тоа го прави со такви потези што неповратно нанесува штета на државата.

Во моменти кога стручната јавност се бори против мегаломанството на нашиот источен сосед, истиот тој истапува со искази за негирање на најголемите симболи во историјата на македонскиот народ, ги негира историските факти и значењето на македонските дејци.

Неговото негирање на Крсте Петков Мисирков ја доведува во прашање неговата ПИСМЕНОСТ, тој можеби знае да пишува на македонски литературен јазик, но најверојатно читањето на историските книги, податоци и аргументи на македонски јазик му преставува потешкотија.

Поради претходната моја лична опсервација за неговата писменост, не знам како да му објаснам дека 4 Мај 1903 година е ден на погинувањето на најголемиот СИМБОЛ на револуционерната борба на македонскиот народ. На тој ден животот го изгуби човекот, учителот, МАКЕДОНЕЦОТ кој што е столб за Македонците и нивната борба за независност и самобитност. Дали горе напишаното ќе успее да го прочита и разбере, за секој случај кратко ќе му кажам дека се работи за нашиот македонски деец Гоце Делчев.

Сега се поставува прашањето, земајќи ги предвид досегашните потези на еминентните личности од структурите на СДС на Македонија, дали мислењето на господинот е негова вистинска перцепција на историската реалност или е подготовка за остварување на задачите што при потпишување на договорот за добрососедство со Бугарија оваа ненародна власт се обврзала да ги одработи.

Не треба да се залажуваме дека некои состојби се случајни и дека структурите на СДС се политички неспособни за манипулирање со јавноста. Таа способност ја покажаа со плејада лажни ветувања во сите сегменти на општеството од ,,борбата” за националните прашања преку етнички манипулации до економска пропаст на државата.

Поради оваа, голема веројатност е дека сумирајќи ги сопствените резултати на нивното владеење и подготвувајќи се за катастрофалниот пораз на претстојните избори, наоѓаат јавна личност која нема што општествено и лично да изгуби, давајќи му срочен текст на веќе прифатената задача од срамниот договор за добрососедство, за во определен период, согласно општествениот момент на тешката економска состојба на граѓаните на Македонија, да ги испорачаат резултатите и да им ги одземат најсветите симболи на македонскиот народ.

Земајќи го предвид претходното, и во дух на добрососедството, би го замолила нашиот источен сосед да не го оптеретува нашиот однос со историски личности кои во бит се многу значајни за нашиот народ и му предлагам слободно да ги присвои актуелните „дејци“ на Македонија како Зоран Заев, или пак Никола Димитров и уште неколкумина за кои што мислам дека и тие лично нема да се противат на тоа. Македонците и Македонија нема многу што да изгуби со тоа, па така и волците сити и овците ќе им се наброј на соседот.

На македонскиот народ му посакувам вечно да го памети 4 Мај како ден кога нашата мајка Македонија го изгуби најголемиот СИН, чиј ЗАВЕТ остана секогаш за паметење, да бидеме ГОРДИ МАКЕДОНЦИ и никогаш по никоја ЦЕНА да не го даваме нашето минато затоа што дрво без корен не бидува.

Да го негуваме нашето минато, да се почитуваме, ние сме дел од Европа од дамнина, така што нашата европеизација се подразбира од самото наше постоење, а не докажување кои сме и што сме, во 21 век тоа е недопустливо…ОДНАРОДЕНИ сфатете го тоа, за обезличување и предавство се ОДГОВАРА, и пред НАРОДОТ, и пред ИСТОРИЈАТА. Од вас бараат онолку колку ќе им дозволите, тоа е евидентно.

Помина времето на асимилации, депортации и жигосување. Поглавјата се отвораат и се затвораат достоинствено, сите ги знаеме основните ПОСТУЛАТИ на кои почива ЕУ од Римскиот-Парискиот-Мастришкиот преку Лисабонскиот договор, и остварување на Копенхашките критериуми, до сите оние европски вредности што ги поседуваме и негуваме.

Не ви поминува повеќе, ви се ближи КРАЈОТ, конечно!