Македонија 25. декември 2019. / 15:17

Полицискиот синдикат против расформирање на единицата „Алфа“

Полицискиот синдикат против расформирање на единицата „Алфа“

Независниот полициски синдикат обвинува дека новата систематизација во МВР ќе донесе поголеми притисоци врз службениците. Со новата систематизација се зголемува бројот на раководители, а според синдикатот, објавени биле интерни огласи во само 48 часа времетраење за пријавување, а со тоа унапредување добиваат само подобните.

Сакаме да ја запознаеме јавноста дека оваа систематизација е спроведена без да Согласно одредбите од член 269 од Колективниот договор на МВР „Министерството е должно да обезбеди редовно и навремено информирање на Синдикатот и на работниците за: покрената постапка за изменување и дополонување на актите за организација и работа и систематизација на работните места во Министерството. Неинформирањето на Независниот синдикат на полицијата ја прави истата ништовна, вели портпаролот на Синдикатот, Дејан Саздовски.