Македонија 20. мај 2020. / 13:47

Полицискиот час за викендот од 19 часот во сабота до 05 во вторник, предлага Комисијата за заразни болести

Полицискиот час за викендот од 19 часот во сабота до 05 во вторник, предлага Комисијата за заразни болести

Полицискиот час за претстојниот викенд, кој е продолжен со два празника, ќе трае од сабота во 19 часот до 05 во вторник.

Ова, како што информира денеска министерот за здравство Венко Филипчер, е предлогот на Комисијата за заразни болести што ќе го достави до Владата, која треба да ја донесе конечната одлука.