Македонија 28. октомври 2019. / 15:31

Полицијата и армијата во НАТО и ЕУ со бугарски пасоши и прифатена соработка!?

Полицијата и армијата во НАТО и ЕУ со бугарски пасоши и прифатена соработка!?

Повеќе од 200 политичари и пратеници имаат извадено бугарски пасоши, ги има од сите партии, а во незначителна предност во „предавството“ се оние од ВМРО ДПМНЕ, најгласните против Договорот со Бугарија. За новинарите веќе се срамам да проговорам, но морам да кажам дека точно изброив седум (7) сопственици на медии. Уредниците се безброј, но да кажеме дека на еден од уредниците, само на еден единствен уредник му е одбиено барањето за државјанство. Веројатно некој злонамерник го поткажал за нешто…

Ова во текст за Трибуна.мк, cо наслов „Македонските тајкуни и бугарските пасоши-или како си најдов „бомби“ пред вратата…“ го пишува долгогодишниот новинар Владимир Перев.

Според Перев, бројката не се добројува на претседателите на совети на општините низ Македонија, како и на членови на совети на општини, кои се сите уредно заведени, со уредно пријавено образование и професија.
Вчудувачки е голема бројката на македонски бизнисмени. Речиси да останале само минимален број во земјава, кои немаат бугарски пасош…

Министри, заменици министри, помошници и државни секретари, пишува Перев, се впечатлива бројка. Кај нив има еден куриозитет. Ако немаат бугарски пасош, се наведува од која европска земја или од некоја друга во светот имаат пасош и каде се пријавени. Ете, тоа се вика ефективна соработка на полициите од Европската унија.

Од сите, според авторот, највпечатлива е бројката на полицајци од македонското МВР и на офицери, подофицери и војници на АРМ. Во овој контекст, Перев пиШува:„Сите се со неверојатна биографија и боев опит.
Од „бомбите“ може да се види како функционираат бугарските служби за безбедност. Повеќето од кадарот на АРМ и сите од полицијата поминале „разговор“ со надлежен бугарски службеник, поточно речено со припадник на бугарското разузнавање и контраразузнавање. Прифатиле и соработка со полицијата, а некои од поважните и поспособните потпишале и соодветна „Декларација за с’трудничество“ со надлежната бугарска служба. Утврден е и соодветен надоместок за услугите.

И тајкуните со многу пари не поминале подобро. Тие пак платиле некаква сума пари, обавиле разговор со банкарски службеник, најчесто директор на банка, па така, за сите нив бугарската полиција има податоци за нивните сметки во бугарските банки и движењето на парите… повремено и ги рекетираат преку бизнис-пријателите, на софистициран начин. Од тие пари се плаќаат сиромашните полицајци и офицери на АРМ кои прифатиле соработка… од наши, за наши!“.