Еклатантен пример за нeпoтизaм каде што вработени се сестри, браќа, синови и ќерки, и сопруги на функционери на ДУИ, се вработувањата во Царинската управа на Македонија, пренесува порталот Информоху24.ком.
Свои роднини во царина вработиле голем број на функционери на ДУИ, меѓу кои и вице-премиерот Бујар Османи, кој во Царина си го вдомил својот шофер, но и својот внук.
Илми Селами, Извршен директор на А.Д. Водостопанство на Република Македонија, синот си го вработил во Царина,
Ардиан Муќа, директор на Ј.П. Градски Паркинг Скопје, во Царина си ја вработил сопругата,
Бујар Османи вице-премиер во Царина си ги вработил својот шофер и внук,
Назми Беќири синот си го вработи во Царина,
Земри Ќемали поранешен заменик министер во МВР, во Царина го вработил синот,
Ирфан Буќи, заменик директор во Царина, ги вработил зетот, внукот и сестрата.