Скопјанец чија мајка починала од корона вирус се изненадил кога од погребалното „Бутел“ го информирале дека погребот ќе чини повеќе од вообичаеното, објави Слободен печат.
Кога прашал колку е погреб со ковид а колку без ковид, му одговориле дека без ковид е 24.000 денари, а со Ковид, поскапо.
-Немав избор, платив 37.280 денари за погребот и сите пропратни моменти како лимен сандак, пластична вреќа. И 5.300 денари за да се ископа местото. Среќа што веќе имав гробно место, инаку ќе требаше да земам кредит, вели соговорникот.
Тој до редакцијата ги испратил и фискалните сметки од кои се гледа дека мртовечкиот сандак чини 10.880 денари, но со него мора да се докупи и лимен ковчег од 13.550 денари, а пластична вреќа е наплатена 1950 денари. Како дел од протоколот не смеело да присуствуваат повеќе од 5 лица на самиот чин на погребувањето, а исклучено било и изложување на телото во капела.
Целата сторија на Слободен печат можете да ја прочиате тука.