Македонија 01. февруари 2019. / 14:04

Поднесено барање за одземање на пратеничкиот мунитетот на Димовски

Поднесено барање за одземање на пратеничкиот мунитетот на Димовски

Кривичниот суд до Собранието според извори на 1ТВ испратило барање за одземање на имунитетот на пратеникот Љупчо Димовски, откако тој денес напладне дојде на распит во Скопска 1 под сомнение за злоуотреба на службена положба од страна на Обвинителството за организиран криминал и корпција.

Неофицијално барањето за симнување имунитет е стасано во Собранието, а за понеделник според извори на 1ТВ е закажана комисија на мандатно имунитетни прашања на која ќе расправаат дали ќе му биде одземен имунитетот на пратеникот Љупчо Димовски.