Во канцелариите на ОН во Виена, се сретнаа дипломатите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, каде ќе разговараат за името.
Преговорите за името во присуство на медијаторот Метју Нимиц не се знае кога ќе завршат, како и тоа дали ќе има изјава за медиумите. Грчките медиуми оваа преговарачка рунда ја оценија како решавачка за тоа дали ќе се реши спорот до јунскиот самит на ЕУ и јулскиот на алијансата.