Министерството за здравство информира дека во последните 24 часапетмена пациенти починале д Ковид-19. Тројца од пациентите се од Скопје, еден од Куманово и еден пациент од Струга.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 70 и 80 години.
Во ГОБ „8 септември“ починати се пациенти на возраст 77 и 63 години, кај едниот пациент вирусот е докажан постмортем. Во ОБ Струга е починат пациент на 86 години.
Со овие пет починати, бројката на пациенти што ја изгубија битката со вирусот, од минатиот понеделник до денеска се искачи на 60.
Вкупната, пак, бројка на починати од почетокот на епидемијата во македонија изнесува 346.