Новото парламентарно мнозинство денеска во Собранието на Република Северна Македонија ја продолжи собраниската дебата за формирање нова Влада, чии приоритети вчера на првиот ден од седницата ги образложи нејзиниот мандатар Зоран Заев.
Пратениците до полноќ треба да се изјаснат за новиот владин состав.
Како што најави вчера претседателот на Собранието, Талат Џафери, денешната расправа ќе ја почне пратеникот, односно претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов.