Македонија 20. јули 2020. / 17:01

Починати од Ковид-19 се пациенти од Скопје, Куманово, Штип, Тетово, Гостивар и Кичево

Починати од Ковид-19 се пациенти од Скопје, Куманово, Штип, Тетово, Гостивар и Кичево

Во последните 24 часа во Македонија од Ковид-19 починале 10 лица. Четворица од починатите пациенти се од Скопје, два од Куманово и по еден пациент од Штип, Тетово, Гостивар и Кичево.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 76 години. Во ГОБ „8 септември“ починати се четири лица на возраст од 85,71 и 53 години, а кај 48-годишен пациент вирусот е потврден постмортем.

На Клиника за пулмологија е починат пациент на 79 години, на гастроентерохепатологија пациент на  возраст од 79 години. Во болницата во Битола почина пациент од Кичево на 82 години, во КБ Тетово пациент на 60 години. Во Филип Втори е починат пациент на 62 години.

Во минатото деноноќие се направени 724 тестирања, а регистрирани се 96 нови случаи на Ковид-19 и тоа 24 во Скопје, Куманово-6, Штип-24, Прилеп-1, Тетово-7, Струга-9, Битола-1, Охрид-6, Гостивар-4, Струмица-3, Крива Паланка-1, Радовиш-5, Кочани-2, Свети Николе-3.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9249,  бројката на починати е 432, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3946.