Македонија 08. февруари 2021. / 15:51

Починале 22 ковид-пациенти, 75 новозаболени во изминатото деноноќие

Починале 22 ковид-пациенти, 75 новозаболени во изминатото деноноќие

Во последново деноноќие од обработени 726 теста, добиени се 75 позитивни резултати на Ковид-19. За истиот периот оздравени се 1440, а починале 22 пациенти.

Во земјава има околу 6.500 активни случаи на болеста.

Инаку, во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 9 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 260 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 5 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало два нови приеми на пациенти, исто колку и на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.