Македонија 26. ноември 2020. / 16:08

Починаа две лица, 52 новозаболени со Ковид-19 во Тиквешијата

Починаа две лица, 52 новозаболени со Ковид-19 во Тиквешијата

Тројца здравствени работници од Кавадарци се позитивни на коронавирус, починаа неготинец на 40 и кавадарчанец на 84 години, потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Новозаболени се 52 лица во регионот на Тиквешијата, на возраст од 9 до 86 години. Во Кавадарци 28, Росоман 2, Неготино 17 и 5 лица во Демир Капија.

Денес, од страна на Општина Кавадарци се врши подготовка на земјиштето во кругот на Општа болница, за поставување на модуларна болница односно Ковид центар, соопштија од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.