Македонија 22. ноември 2020. / 18:45

Почина уште еден пациент од Ковид 19 во велешката болница

Почина уште еден пациент од Ковид 19 во велешката болница

Во болницата во Велес утринава починал маж на 81 година од Велес потврден позитивен на Ковид.

Како што информира портпаролката д-р Весна Неделковска Николова, во велешката Општа болница на три одделенија со ковид пациенти хоспитализирани се вкупно 76 пациенти од нив, 68 потврдени позитивни, шест сомнителни и двајца негативни. На Инфективно одделение има 48 пациенти, на Физикална 19 и на Интерно 9 пациенти.

Нa кислородна поддршка се наоѓаат 26 пациенти.