Македонија 05. јули 2020. / 11:16

Почина првиот лекар од корона во Македонија: Д-р Арификмет Деари, уролог од Тетово почина денеска

Почина првиот лекар од корона  во Македонија: Д-р Арификмет Деари, уролог од Тетово почина денеска

Во ГОБ ,,8 Септември”, на 64 годишна возраст, почина д-р Арификмет Деари, уролог од Тетово. Д-р. Деари беше хоспитализиран заради невролошки проблеми, но и позитивен на ковид-19. По 15 дена болничко лекување ја загуби битката со болеста.

Д-р Деари кој беше само на неколку месеци до пензионирањето, е првиот лекар кој почина од компликации на корона вирусот. Изразувам жалење и длабоко сочуство до неговото семејство.

Апелирам до моите колеги здравствените работници да се чуваат и заштитуваат, на работното место соодветно на протоклите, но и надвор од него. Апелирам и до граѓаните да ги почитуваат мерките, да се заштитат себеси, здравствените работници и сите свои сограѓани, објави на социјалните мрежи министерот Филипче.