Македонија 12. октомври 2018. / 13:16

Почина последниот претседател на здружението “Голи Оток”

Почина последниот претседател на здружението “Голи Оток”

Вчера во Скопје почина проф. д-р Димче Најчески (1925-2018), професор во пензија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, последен претседател на здружението „Голи Оток“ во Македонија.

Димче Најчески беше борец против фашизмот, партизан, голооточанин, професор, научен работник, публицист и политички активист.

Посмртните останки на професор Димче Најчески ќе бидат изложени утре (сабота) во капелата на гробиштата „Бутел“ во 11 часот, а погребот ќе биде во 12 часот.