Македонија 12. април 2018. / 14:26

По средбата Димитров-Коѕијас: Искинато платното со кое беше покриено сонцето од Кутлеш

По средбата Димитров-Коѕијас: Искинато платното со кое беше покриено сонцето од Кутлеш

Искинато е платното со кое беше прекриено 16 кракото сонце од Кутлеш на хотелот „Престол“, кој се наоѓа наспроти хотелот „Гранит“ каде е сместен шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас.

На социјалните мрежи Охриѓани бурно реагираа на ваквиот чин поради тоа што се работи за објект кој е во приватна сопственост.

Ваквиот „чин на добра волја“ не е прв, бидејќи при последната посета на Коѕијас на земјава, на 22 март, грчкиот протокол пронајде проблем во продавницата за македонски вина.