Македонија 19. февруари 2020. / 14:11

По сомнителните повици кои ги добиваат граѓаните се огласи Македонски Телеком

По сомнителните повици кои ги добиваат граѓаните се огласи Македонски Телеком

Македонски Телеком ја информира јавноста дека во текот на денешниот ден се регистрирани повици од непознати дестинации кон нивни корисници чија цел е да се генерира непотребен сообраќај.

За да ги заштитиме корисниците од несакани трошоци, компанијата веднаш превзеде безбедносни мерки, ги блокираше непознатите броеви и го оневозможи бирањето кон овие дестинации. Апелираме корисниците постојано да бидат претпазливи и да не одговараат на пропуштени повици од непознати броеви, со цел за да се избегнат злоупотреби и дополнителни непредвидени трошоци, велат оттаму.