Полицијата вчера вечер извршила претрес во карантинот во хотелот ВИП каде што е сместен Љупчо Палевски, како и во куќа во општина Центар која е во сопственост на сопругата на Палевски.
Претресот е извршен по налог на јавното обинителство со цел да се запленат електоронски записи со нелегално прислушуван матерјал.
Оваа информација за НОВА ја потврдија извори во полицијата од каде што соопштија дека во текот на денот ќе излезат со повеќе информации за овој случај.
Информацијата ја потврдува и самиот Љупчо Палевески во видео запис објавен на неговиот ФБ профил.
Според Палевски, оваа акција на полицијата уследила по , како што вели самиот, приватна кривична пријава од Сашо Мијалков, кој посочил дека Палевски поседува нелегално прислушуван материјал. Како што вели Палевски, одземена му е електронска опрема: телефони, комјутер и дискови.
Бараа бомби кои јас не ги пуштам и не ги поседувам, вели Палевски.
Инаку, Љупчо Палевски неодамна беше ослободен од притвор во Белград каде што престојуваше девет месеци. Палевски беше притворен по потерница од хрватската полиција, а по обвинение дека извршил кривично дело за време на неговиот престој во Хрватска