Македонија 17. мај 2020. / 17:14

По почитување на правата на ЛГБТИ луѓето, Македонија последна во регионот

По почитување на правата на ЛГБТИ луѓето, Македонија последна во регионот

Во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден за борба против хомофобијата, бифобијата и трансфобијата кој има за цел подигнување на свеста за важноста во борбата против дискриминација, страв и насилство со кои ЛГБТИ лицата континуирано се соочуваат во општеството.

Меѓународната „ИГЛА Европа“ асоцијација објави графички приказ колку човековите права на ЛГБТ лицата се почитуваат ширум Европа, во рамки на законските решенија.

Македонија се наоѓа на 33 место од вкупно 49 места.

ИГЛА Европа заклучува дека нема позитивни примери во 49 отсто од земјите во Европа како и дека втора година по ред земјите уназадуваат на „Виножито Индексот“, а постоечката заштита на ЛГБТ лицата исчезнува.

 Во топ пет земјите кои направиле најголем напредок се Малта, Белгија, Луксенбург, Данска и Норвешка, додека на дното на листата се наоѓаат Монако, Русија Ерменија, Турција и последен е Азербејџан

 Македонија се наоша на 33 место, со успех од 25% кога се во прашање постигнатите човекови права за ЛГБТ лицата. Важно е да се напомене дека ова се однесува исклучиво на законската регулатива.

Најголми прекршувања, дури 40 отсто се препишуваат на еднаквоста и дискриминацијата, а со 26 осто е застапен криминалот од омраза и говорот на омраза.

Од земјите во регионот, Црна Гора се наоѓа на 11 место, Хрватска на 19, Словенија на 20 место, Србија на 26 додека Албанија е на 28 место.

Сепак, во извештајот се наведува дека најголем напредок од земјите во регионот направиле Црна Гора и Македонија иако сме на 33 место. Се наведува дека земјата направила измени во кривичниот законик за еднаквоста додавајќи ги сексуалната ориентација и родниот идентитет како заштитени основи.