Македонија 12. април 2018. / 14:02

По објавувањето на извештајот: Могерини ќе се обрати во македонското Собрание

По објавувањето на извештајот: Могерини ќе се обрати во македонското Собрание

Високата преставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, во рамките на нејзината посета следната недела со еврокомесарот за проширување ќе се обрати пред Собранието, најавуваат собраниски извори за тв 24.

Шефицата на европската дипломатија и еврокомесарот за проширување доаѓаат еден ден по објавувањето на извештајот за напредокот на 17 април, во кој Владата очекува чиста препорака за преговорите.

Дека Македонија си ја сработила домашната задача денеска во Брисел токму на Могерини и порачал и вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи. Османи и го презентирал како што стои во соопштението од неговиот кабинет напредокот на земјава во реформите.