По еден нов случај на позитивни пациенти од Ковид-19 во Пијанец и Малеш. Во Делчево според информациите од Здравствен дом „Гоце Делчев“, лицето кое е поизитивно на вирусот е без симптоми и во добра општа здравствена состојба.
Во Делчево имаме нов случај на Ковид-19. Се работи за пациент кој е без симтоми и е трет активен случај за неполни четири дена. Во меѓувреме, направени се дополнителни тестирања на лица кои контактирале со заболените, информираа од Здравствениот дом во Делчево.
Слична е состојбата и во Берово каде неколку дена по ред се зголемува бројот на пациенти кои се позитивни на коронавирус.
За жал мора да констатираме уште еден пациент чие тестирање покажа присуство на коронавирус. Со овој случај сега бројката на активни случаи се зголеми и изнесува девет, истканаа од Здравствен дом Берово.
Вкупниот број на активни случаи во Пијанечко-Малешевскиот регион заедно со двајцата позитивни пациенти во Пехчево, во моментот изнесува 14 лица, кај кои е утврдено присуство на коронавирус