Македонија 12. септември 2019. / 13:11

По десетти пат одложено судењето за „Талир“

По десетти пат одложено судењето за „Талир“

Судењето за предметот „Талир“ на СЈО, кој се однесува на финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ, денеска е одложено по десетти пат поради притворената специјална обвинителка Катица Јанева, која е потписник и на обвинението за „Талир“.

По барањето на одбраната за одлагање, судијата ја ислуша и обвинителката Ленче Ристоска, која во случајот е застапничка на Јанева, го одложи судењето за 3 октомври.