Македонија 22. јули 2018. / 16:28

По Анѓушев и Локвенец ги повика содружниците да се откажат од грантот од Фондот за иновации

По Анѓушев и Локвенец ги повика содружниците да се откажат од грантот од Фондот за иновации

По вицепремиерот Кочо Анѓушев и пратеникот на СДСМ Хари Локвенец во изјава за 1ТВ вели дека ги повикал содружниците да се откажат од грантот тежок 162.000 евра од Фондот за иновации.

-Ги повикав содружниците да се откажат од грантот од Фондот за иновации од 160.000 евра. Морам да потенцирам две работи. Прво дека никогаш не сум учествувал во раководењето на фирмата, а акционер сум од 2000-та година. Второ имам друга фирма на исто име и иста жиро сметка, фирма која ја имаше во бомбите, која беше наменски казнувана цел тој период. Мора да потенцирам дека во оваа држава мораме да ја градиме довербата во институциите и само така ќе ја изградиме европска Македонија за која сите сонуваме, изјави Локвенец.