Македонија 25. март 2020. / 18:32

Петнаесетина медицински лица се заразени со корона вирус

Петнаесетина медицински лица се заразени со корона вирус

Од вкупниот број заболени од корона вирусот во Македонија, 14 или 15 се здравствени работници, вклучувајќи ги и новодијагностицираните во Скопје, информира министерот за здравство Венко Филипче.

Како што соопшти Филипче, заразени медицински лица има во Кавадарци, Дебар, Скопје и во Куманово.

Прашан во каква здравствена состојба се децата кои се дијагностицирани со вирусот и каде се лекуваат, министерот информира дека најмалото дете од Скопје е на домашно лекување, на одделението за инфективни болести во болницата во Штип се лекува 4-годишно девојчето, како и момчето од Дебар кое има 15 години. Сите се во добра состојба во смисла на тоа да е манифестацијата на болеста во лесна форма.