Македонија 15. јуни 2020. / 15:16

Петмина починати за 24 часа, 60% се од Скопје

Петмина починати за 24 часа, 60% се од Скопје

Во текот на изминатото деноноќие како последица од корона вирусот во Македонија починале 5 лица, со што бројот на починати од почетокот на пандемијата се искачи на 193 лица.

Како што соопшти министерот за здравство, од петте починати, тројца се од Скопје, еден е од Куманово и еден од Тетово.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово (80г), хоспитализиран на 5 јуни. На Клиника за гастроентерохепатологија почина пациентка од Скопје (74г). Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје, пациентка (73г.) примена на 11 јуни и пациентка (45г) примена на 2 јуни. Во Клиничката болница во Тетово почина пациент од Тетово (65г) хоспитализиран на 6 јуни.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.157, бројката на починати е 193, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.241.