Македонија 16. септември 2020. / 13:40

Петмина новозаболени од Ковид-19 во Тиквешко

Петмина новозаболени од Ковид-19 во Тиквешко

Пет нови случаи на коронавирус  се регистрирани во Тиквешко во изминатите 24 часа, за потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Станува збор за тројца мажи и две жени, на возраст од 33 до 50 години.

Сите се со лесна клиничка слика и на домашно лекување. Три од лицата се од Кавадарци, a имале симптоми по контакт со член на семејството кој бил претходно позитивен на Ковид-19. Двете други лица, од Неготино и Росоман, не знаеле каде се заразиле.