Македонија 26. октомври 2020. / 15:41

Петгодишно дете од Кавадарци позитивно на Ковид-19: 14 деца, две негувателки и воспитувачка во изолација

Петгодишно дете од Кавадарци позитивно на Ковид-19: 14 деца, две негувателки и воспитувачка во изолација

Кавадарчанец на возраст од 71 година почина од коронавирус на клиника, додека петгодишно дете „однесе” во изолација 14 деца, две негувателки и една воспитувачка во градинка.

Оваа информација за МИА ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Во изминатите 24 часа, потврдени се нови четири случаи во Кавадарци и осум во Неготино. Тие се на возраст од пет до 61 година.