Во Скопје има пет потврдени случаи на заразени со корона вирус во домови за стари лица.
Како што информира министерот за здравство, Венко Филипче, овие заболени се откриени преку преку скринингот за Ковид-19.
Станува збор за приватен дом за стари лица кој има два објекти во населбата Ченто и во село Кадино.
Министерот информира дека во едниот објект позитивни се две штитенички, а во другиот тројца вработени.
Анализирани се сите контакти и дадени се решенија за изолација – изјави Филипче.