Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани пет нови починати и 120 нови позитивни на Ковид-19.
Направени се 1.367 тестирања, а регистрираните 120 нови случаи на Ковид-19 по градови се во:
-Скопје 63
-Куманово 4
-Дебар 6
-Штип 4
-Прилеп 2
-Тетово 14
-Струга 6
-Велес 2
-Битола 1
-Охрид 4
-Гостивар 12
-Свети Николе 1
-Кичево 1
Од починатите петмина, двајца пациенти се од Скопје, двајца од Тетово и еден од Куманово.
Досега во земјата се направени вкупно 69.426 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.244, бројката на починати е 351, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.569.