Македонија 21. јануари 2020. / 14:17

Пет ослободителни пресуди за случајот „Шпион“

Пет ослободителни пресуди за случајот „Шпион“

Кривичниот суд им изрече ослободитена пресуда на петмина обвинети во случајот „Шпион“ за кој се води повторена постапка, откако Апелација делумно ја укина пресудата. Со аплауз беше дочекана одлуката од страна на Миќо Насковски, Марјан Маџовски и Горан Стојков, Ѓорги Хаџимицев и Цветан Дамјановски, пишува Телма.

Дел од нив одговараа за измама, беа обвинети за злосторничко здружување и незаконско поседување на оружје.

Судијата Влафдимир Туфегџиќ двасетина минути ја обрзложуваше пресудата.

И против екс разузнавачот Марјан Ефремов се водеше постапка но, во ноември минатата година суд ја раздвоил за него постапката затоа што не се појавил на рочиштето и ниту на тоа рочиште, ниту потоа не била доставена медицинска документација.

Во предметот „Шпион“, со првостепената пресуда сите деветнаесет обвинети беа прогласени за виновни. Највисока 15-гошишна затворска казна доби Марјан Ефремов, кој според Обвинителството бил „мозокот“ на групата која шпионирала за странски разузнавачки служби, а истовремено се занимавала со уценување, измами и изнуди. Останатите затворски казни се движат од една до девет години, а изречена беше и една условна казна.