Македонија 15. March 2019. / 14:01

Пешов: Каде би бегал, моето семејство нема леб да јаде

Пешов: Каде би бегал, моето семејство нема леб да јаде

Митко Пешов, раководителот на одделот за посебни единици во полицијата, кој за крвавиот четврток беше осуден со казна затвор од 15 години, пред судот рече дека се приклучува кон исказот на неговиот адвокат за неопределување мерка притвор.

Каде би бегал? Моето семејство нема леб да јаде, не знам како би бегал, рече Пешов.

Подготвен сум ако тоа го потврди Апелацискиот суд да ја одлежам казната затвор до последниот ден, истакна тој пред судот.

Претходно Обвинителството побара притвор за осудените.