За да гониш висок организиран криминал и корупција треба да си опериран од криминал и корупција, а не да оперираш желудник затоа што апетитите станале more than you can eat, пишува на својот фејсбук профил адвокатот Драган Пешевски.
-Живееш во мало, погранично, мирно, симпатично градче, најблиску до плажите на кој што најчесто идеме (последново и потврдено со слики). Државна работа, обвинител, со работа колку да се каже дека има (во споредба со други обвинителства), и тоа работа од која многу глава не боли (кражба на точаци, чифте од прадедото во амбар, по некој шамар во кафич), работа која нема реален притисок, работа за која се потребни просечни (ако не и подпросечни) познавања на правото. Плата солидна, околу 60.000 денари (поправете ако грешам), општествен локален углед заради службата и големината на местото – загарантиран. Пензија и мирен живот исто.
Е сега ситуацијата и моментот биле такви (усрани) и desperate times call for desperate measures, па се пружила шанса да се дојде во големиот прљав град, и тоа во мисија над сите мисии, работа над сите работи (за еден обвинител), света обвинителска столица да се зима. Ти ја даваат честа да играш со најголемите меѓу најголемите риби, а за да се фатиш на орото ти даваат екстремно голем буџет, екстремно голема моќ, и неверојатен персонал. Ете бујрум you are the chosen one да ја гониш високата корупција и криминал и НАЈБИТНО да ја вратиш народната верба во системот и да го срушиш митот за неказнивост на богатите и моќните!!!!Доаѓаш на работа со полн елан а пола држава носи маичка со тебе!!! Супер приказна ама…
Почнуваш и прво гледаш дека немаш баш капацитет да ја направиш организацијата околу тебе ама има искусни ке се снајдеш. Второ гледаш дека твоите правни знаења не се на ниво на задачата односно незнаеш да бекнеш ама ајде има кој знае ќе се снајдете, ке ја биде работава.
Е сега трето, друштвото фино, па некој научил дека златото свети, право немора да разбира за да ја види златната кокошка пред себе. А и стварно од кај да знае Кате у Гевгелија што е Луј Витон и колку тежи милион евра у кила…
Резултат КОЛАПС
СЈО мртво
поклонетата надеж мртва
верба во институции дупло мртва
грозење и гадење кај секој жив во државава и пошироко
државата понижена (добро тоа е во континуитет)
Па за да гониш висок организиран криминал и корупција треба да си опериран од криминал и корупција, а не да оперираш желудник затоа што апетитите станале more than you can eat!!!
Засрами се, срам и арам да ти е, се што требаше да оздравиш го закопа и луѓето ги направи уште толку апатични и разочарани. А незнам дали ви текнува дека од старт тврдев дека истата е Тројански коњ во СЈО… Епа дечки кога двете најголеми партии ке се сложат за нешто ова се случува, затоа кога ви нудат нешто кажете не фала па макар и подарок да е!!!, стои во објавата на Пешевски.