Македонија 25. декември 2020. / 12:55

Пешевски: Протестите беа резултат на случувањата во тој период

Пешевски: Протестите беа резултат на случувањата во тој период

Поранешниот вицепремиер, Владимир Пешевски, денеска одговараше на прашања за случувањата од 2017 година.

Пешевски истакна дека не му е познато дека обвинетите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски на каков било начин биле поврзани со протестите.

– Протестите беа резултат на случувањата во тој период. Ги организираа разни граѓански здруженија. ВМРО-ДПМНЕ ги поддржуваше протстите, но немаше формална партиска одлука за такво нешто, објасни Пешевски.