И кај мене, како и кај мнозинството граѓани оправдана е загриженоста од изборен фалсификат по сите скандали кои се случија во ДИК а поврзано со сумирањето на резултатите од изборите, вели пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска.
Неопходно е, Државната изборна комисија да го прифати барањето на ВМРО-ДПМНЕ за да се изврши рачно броење на гласачките ливчиња, доколку сакаме кај граѓаните да се намали сомнежот од можен изборен фалсификат.За жал покрај спроведувањето во време на пандемија, овие избори ќе се паметат и по чудно броење на гласови. И покрај се што се случуваше во кампањата, целиот поткуп на денот на гласање, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата победи во 41 општина во Република Македонија, пишува Пешевска во својата објава на Фејсбук.