Македонија 13. мај 2020. / 14:42

Пензионерските здруженија бараат олеснување на мерките за возрасните луѓе над 67 години

Пензионерските здруженија бараат олеснување на мерките за возрасните луѓе над 67 години

Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија предложи за граѓаните над 67 години да важат истите мерки за заштита од корона вирусот како и за останатото население.

Сметаме дека ограничувањето на времето за движење до сега имаше свое оправдување, но во услови на смирување на пандемијата Ковид-19, како неопходна потреба за пензионерите е слободно движење со доследно почитување на мерките што ќе важат и за останатото население. На овој начин се дава еднаков третман на возрасните за самостојно живеење и активно стареење како начин за одржување на нивната психофизичка кондиција – наведуваат во соопштение.

Како што наведуваат од здружението, предлогот е заснован врз барања на голем број пензионери, посочувајќи дека во државата има над 320.000 корисници на пензија.