Македонија 15. октомври 2019. / 11:00

Пендаровски: За никого нема да биде добро ако не го добиеме ветениот датум за преговори

Пендаровски: За никого нема да биде добро ако не го добиеме ветениот датум за преговори

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за австрискиот весник „Пресе“, ја предупредува ЕУ дека за никого нема да биде добро ако не го добиеме ветениот датум за преговори.

Не се надеваме на сигнал, очекуваме одлука. Во текот на изминатата година и пол, испорачавме сè што треба. Ние дури и го сменивме името по историскиот договор со Грција. Ниту една друга земја-кандидат досега не го сторила тоа – рекол Пендаровски.

Пендаровски ѝ укажува на ЕУ дека ако се одложуваат пристапните преговори, ќе изгуби на кредибилитет и веродостојност.

Граѓаните не прашуваа зошто мораме да го смениме името на нашата држава. Нашиот одговор беше – за да станеме членка на ЕУ. Испoлнивме се што се бараше од нас досега. Сега граѓаните прашуваат зошто доаѓа до одложување – изјавил Пендаровски за „Пресе“.