Македонија 02. февруари 2021. / 19:10

Пендаровски: Небулоза е дека некој може да намести процент на етничка заедница на пописот

Пендаровски: Небулоза е дека некој може да намести процент на етничка заедница на пописот

Претседателот Стево Пендаровски во емисијата 24 Отворено рече дека законот за попис не е нешто видено во Европа, дури и тој фамозен двоен потпис за кој има логика според Рамковниот договор.

Според него небуолоза е дека некој може да штелува процент како што беше пренесувано но медиумите, и со пописот од куќа во куќа полесно ќе се наштелува.

„Нашите датотеки ноторно се несигурни и не се пополнети со децении. Ако направиле саглам попис со новите технологии, можеме со мала политичка волја да ги исчистиме дури и за локалните избори, гласачките листови.“ – рече Пендаровски.

Пендаровски рече дека методологијата ќе биде дадена на увид на сите и тука може да се имплементираат конструктивни предлози. Имаше неколку решенија, рече Пендаровски кои нему му се чинеа издржани во однос на законот за попис предложен од опозицијата и неприфатени од власта, рече Пендаровски.

„Имаме жестока политичка полазризација 30 години. Кај нас дојде време да се сретнаат парртиите на власт и опозицијата и да се скараат. Ти мораш да разговараш и со оние кои не те гласале. Одговорноста во овој случај треба да биде кај власта и да подава рака на опозицијата.“ – рече Пендаровски.

Тој смета дека најголема штета од пописот ќе имаат оние кои повикуваат на него, бидејќи се залагаат за една етничка заедница.