Македонија 29. декември 2020. / 16:25

Пендаровски изрази сочуство за сите кои настрадаа од земјотресот во Хрватска

Пендаровски изрази сочуство за сите кои настрадаа од земјотресот во Хрватска

Претседателот Стево Пендаровски изрази сочувство до неговиот хрватски колега Зоран Милановиќ и до семејствата на настраданите во земјотресот во Петриња.

– Поддршка за нашите пријатели во Република Хрватска. Првичните информации за земјотресот се застрашувачки. Сочувство до претседателот Зоран Милановиќ и од и до семејствата на сите настрадани, напиша Пендаровски на Фејсбук.

Поддршка за нашите пријатели во Република Хрватска. Првичните информации за земјотресот се застрашувачки. Сочувство до претседателот Zoran Milanović и до семејствата на сите настрадани. 🙏

Posted by Stevo Pendarovski on Tuesday, December 29, 2020

Земјотрес со интензитет од 6,2 степени по Рихтер денеска околу 12:20 часот го погоди хрватскиот град Петриња. Во земјотресот што беше почувствува во цела Хрватска и во соседните земји, според првичните информации, има загнати и повредни.