Македонија 06. февруари 2021. / 10:30

Пендаровски да го награди генијалецот Давков со државна стипендија, предлага Демократскиот сојузот

Пендаровски да го награди генијалецот Давков со државна стипендија, предлага Демократскиот сојузот

Демократскиот сојуз смета дека врв на хипокризија е доколку осмоодделенецот Дамјан Давков е подобар од средношколците и победи на натпревар по математика, тоа да биде поништено од бирократски причини, притоа повикувајќи се на законски одредби кои се користат како покритие.

Реформите во образованието треба да започнат со однесувањето на првиот учител (министер) во овој систем, но тоа не го гледаме преку примерот на ученикот Дамјан Давков од Штип. Нема поважна реформа во образованието од таа системот да почне да ги препознава, признава, помага и поттикнува младите генијалци, додаваат од Демократскиот сојуз.

Оттаму предлагаат претседателот, Стево Пендаровски да го награди талентираниот ученик по математика Дамјан Давков и да го искористи своето политичко влијание и авторитет за да му обезбеди државна стипендија за талентирани ученици за неговото натамошно школување. Тоа, велат, ќе биде признание за сите талентирани млади ученици и поттик да учат и да творат.